Од денес, цената на горивата се зголемуваат за 2,24%. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2,00 ден/лит и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 64,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе биде 66,50 ден/лит.
Малопродажните цени на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,00 ден/лит, и со тоа малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 61,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 49,50 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,619 ден/кг и ќе биде 32,847 ден/кг.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Две дами во кадифено: Министерката Божиновска денеска се сретна со амбасадорката на САД Агелар
Просториите на ФФМ како слика за наследените состојби во сите сфери на државата
Креирање на долго очекуваните реформи во образованието заедно со младите