БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Позитивните придобивки од секојдневното пешачење

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Пешачењето се смета за чудотворен лек на сите хронични болести, а посебно се препорачува за сите кои имаат проблеми со вишок килограми , а сакаат да ослабат на здрав начин.

Пешачењето е порелаксирана форма која не бара многу напрегања и забрзано дишење како трчањето а има преголемо позитивно влијание на организмот. Секојдневното пешачење има голем удел во:

1. Регулирање на крвен притисок

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Секојдневното пешачење го намалува крвниот притисок кај луѓето со хипертензија. Важно е секој да го одбере темпото кое најмногу му одговара.

2. Помага во борбата против рак на дојката

Пешачењето од 7 часа неделно го намалува ризикот од рак на дојка по менопаузата. Испитувања довеле до резултат дека има голема поврзаност помеѓу физичката активност, особено пешачењето и заштитата од рак на дојката.

3. Го намалува ризикот од дијабет

Пешачењето има голем удел во намалувањето на нивото на шеќер во крвта, кој пак е одговорен за појавата на дијабетес тип 2.

4. Помага при апсорбирање на витамин Д во организмот

Еден од начините да добиете доволно витамин Д е да пешачите 15-30 минути дневно додека надвор има сонце. Небитно дали сонцето е јако или слабо, или кое годишно време е. Сонцето е најприродниот витамин Д кој можеме да го добиеме ем здраво, ем бесплатно.

5. Го зајакнува имунитетот

Прошетки од 30-45 минути се одличен начин да го заштитите телото од настинки. Имунитетот дефинитивно е значително појак дури и неколку часа по пешачењето. Резултатот се чувствува веднаш.

6. Го забавува стареењето

Пешачењето е еден од најефективните начини за подвижноста да е на високо ниво, која често доаѓа со стареењето. Пешачењето исто така ја затегнува кожата, и го забавува стареењето.

Креирано од:


Пренеси го гласот