БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

“Прашина” е првиот сингл од “Крик и тишина” на Сашко Костов. Закажана концертна промоција

Пренеси го гласот

Песната “Прашина” е првиот сингл од албумот “Крик и тишина” на Сашко Костов.

Тој е еден од дејците на Скопската алтернативна културна матрица која го надминува секојдневното, внесува нова енергија и иновира подолг временски период наназад низ годините.

Концертната промоција на албумот „Крик и Прашина“ од Sashko Kostov ќе се одржи на 20 aприл (сабота) со почеток во 21:00 во МКЦ Дансинг Сала во Скопјe.

Осумте песни – „Прашина“, „Еј, еј“, „Ништо посилно“, „Living“, „Неонски хаос“, „Еве ти сон“, „Здив“ и „Последна“ ја создаваат и проектираат сликата за еден универзум полн различни предизвици и емотивни и сетилни, водени најчесто од идејата колку музиката може да биде одговорот на сите прашања.
Сашко Костов со овој албум отвара ново поглавје во неговото истражување на музиката. Не само инструменталниот сопствен предизвик – да се отсвират скоро сите инструменти на албумот, самостојно, туку и со текстовите на македонски
јазик, напишани заедно со писателката Ана Стојаноска, албумот „Крик и прашина“ е оригинална, автентична, емотивно – експресивна приказна за едно патување низ музичките соѕвездија. Славчо Пеев, Антоније Арангеловиќ свиреа на цел албум а Михаил Парушев, Бојан Петков – Шамба, Анета Качуркова, Александар Ристовски – Принц, Огнен Анастасовски – Окац, се појавуваат како гости на по една песна.

На промоцијата Костов ќе свири со нов бенд составен од: Сашко Костов – вокали, гитара, семпелер и удиралки, Дамјан Даневски – тапани, Марио Симоновски – гитара, Кире Ацевски – бас, Симон Облешевски и Мартин Џорлев– клавијатури.

-стои во објавата за настанот од промотерскиот менаџмент.

Во продолжение погледајте го првиот сингл од овој албум кој го очекува (веруваме) топол прием како од критиката така и од публиката во наредниот период.

bregalnickimarketing

Креирано од:


Пренеси го гласот