БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денеска му го чуваа грбот на отсутниот Димитар Апасиев

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Пратеникот Бране Петрушевски од опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска му го чуваше грбот на Димитар Апасиев во рамки на расправата за Законот за државјанство на која претседателот на Левица иако најави дека ќе учествува, сепак денеска беше отсутен од седницата.

Петрушевски смета дека Димитар Апасиев а со тоа и Левица прават лажна слика во јавноста конфронтирајки се со ВМРО-ДПМНЕ како опозиција, а ваквата пресметка оди во полза единствено на Зоран Заев и актуелната власт.

Притоа пратеникот од опозициската ВМРО-ДПМНЕ го запраша Апасиев дали е искеширан.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Целата реакција на Бране Петрушевски пренесена преку социјалните мрежи ја пренесуваме во продолжение:

“👉Естрадниов турбо-фолк политичар, откако вчера најави дека ќе го брани “конечното обезличување на македонскиот народ”, денес не се појави во Собранието⁉️

❌Го немаше на Комисијата за европски прашања, каде на дневен ред беше Законот за државјанство, па грбот му го чуваа пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.

❌Го немаше на Комисијата за политички систем, каде на дневен ред беше Законот за лична карта, која не се оддржа поради немање претставник на Владата.

ℹПретходно исто најавуваше дека ќе прави “големата” и бараше да пратат обезбедување, но и тогаш го немаше. Денес е втор пат како пратениците на ВМРО-ДПМНЕ му го чуваат грбот, а по секојдневните негови навреди кон нас, тешко дека ќе има и трет пат. Лесно е да се прави фама на социјалните мрежи, со цел создавање на лажна слика демек ВМРО-ДПМНЕ ништо не прави, но тоа оди исклучиво во интерес на Зоран Заев.

Вистината е сосем различна, а од кои побуди тоа го прави фејсбук политичарот и дали е искеширан за тоа,нека си каже самиот.

Со оглед дека денес не бил на работа, единствено корисно што може да направи за државата е да ја донира денешната дневница на некое социјално загрозено семејство.”

Креирано од:


Пренеси го гласот