БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Пратеникот Сашко Јанчев од Гевгелија ќе биде носител на изборната кампања на Левица за локалните избори

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Со одлука на Президиумот, од Левица објавија дека е конституиран Републичкиот изборен штаб за претстојните Локални избори 2025. За шеф на РИШ е избран пратеникот и член на Президиумот, м-р Сашко Јанчев.

„Во предизборието влегуваме одлучно и непоколебливо, со цел конечно да се пресметаме со локалните рекет, тендер и урбани мафии.

Досега видовме дека таму каде што големите партии имаат градоначалници, а во советите мнозинство – тендер и рекет системот, зачинет со урбан хаос, комотно си функционира. Во такви услови нема ефективна пречка за локалните шерифи, освен гласањето за Неподмитливите!

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Единствен механизам за стопирање на погубното практикување на локалната власт во општините и Градот Скопје и нејзино искористување за лично богатење, на сметка на јавниот интерес, е советите да зависат од нас, а на градоначалниките столчиња да седнат чесни личности, без партискиот багаж на тридецениските узурпатори.

Затоа, на овие есенски избори јасно целиме кон тоа и овојпат, со Ваша помош, ќе успееме!” – истакнаа од Левица.

Креирано од:


Пренеси го гласот