БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Конечно пронајден е директорот на Комуналното претпријатие во партиска агенда на Венко Филипче во Делчево

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

По долготрајниот молк од поднесувањето на кривичната пријава против Диртекторот на комуналното претпријатие во Делчево од страна на МВР, конечно Стојче Стојковски се појави во јавност. И тоа не било каде во јавност за да објасни за руинираната состојба на јавното претпријатие кое го управува туку во партиска агенда на Претседателот на СДСМ Венко Филипче кој беше во посета на неколкумина партиски соработници и административни и технички персонал вработен во време на СДСМ Во Делчево.

За ваквата состојба своја реакција во јавност упатија од ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево чиј што текст го пренесуваме интегрално во продолжение:

“Наместо да се зафати со решавање на проблемите во распаднатото комунално претпријатие во Делчево, Директорот Стојче Стојковски кој не е достапен за проблемите на граѓаните, вчера замислете прв се наредил во партиска агенда со неговиот шеф Горан Трајковски и Венко Филипче.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Ваквата слика наскоро ќе биде целосно променета а институциите во Делчево ќе бидат повторно вратени на делчевчани, како вистински сервис на сите граѓани.

Има ли пилот во нивниот брод што тоне?”

-стои во соопштението упатено во јавност преку социјалните мрежи од страна на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Делчево.

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираа во јавност за запуштените и неуредени јавни површини низ Делчево и расфрланото ѓубре што е само еден сегмент за неспособноста и неработењето на ЈКП “Брегалница” Делчево под раководство на директорот Стојковски на кој се чини дека му е поважно да биде придружба на Венко Филипче отколку да си ја работи работата за која зема плата од граѓаните.

За ваквата неповолна загрижувачка состојба реагираат и повеќе медиуми со надеж дека конечно градоначалникот и директорот ќе почнат да работат во интерес на граѓаните на Делчево

Креирано од:


Пренеси го гласот