Од Скопје започнува Cyber Balkans II. Денес остварив средба со Hannes Astok, извршен директор на Академијата за е-управување (eGA) од Естонија, со кого разговаравме за продлабочување на партнерството и заедничките активности во областа на сајбер-безбедноста.
Во фокусот на разговорот беше проектот „Cyber Balkans 2“, преку кој работиме на зајакнување на институционалните капацитети за сајбер-безбедност, унапредување на капацитетите на CIRT тимовите и подобрување на координацијата и подготвеноста за одговор на сајбер-инциденти.
Партнерството со eGA е значајно за јакнење на нашите институционални и оперативни капацитети и за градење посигурна и поотпорна дигитална средина.
Продолжуваме со конкретни активности и силна соработка со нашите европски партнери во насока на подобра заштита на институциите и граѓаните од сајбер-закани

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Одбележан патрониот празник на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ во Оризари
Предложен притвор за вработен во ДЗС осомничен за поткуп
Делегација на МВР учествуваше на 15. конференција на ИНТЕРПА во Доха, Катар