Здружението на граѓани за културно-уметнички дејности „ОДОНАТА” – Кочани ве поканува на културно-уметнички настан / проект насловен „Репродуктивна уметност и дизајн со инспирација од шпанската естетика – Создавање на органски врски со традиционални состојки од Кочани“, под покровителство на амбасадата на Kралството Шпанија во Република Северна Македонија.
Проектот подразбира отворена работилница во која локални уметници и млади учесници ќе изработуваат продукти и слики од рециклирани и органски материјали, преку спој на уметноста, архитектурата и современиот дизајн, проследен со инспирација од шпанската естетика.
Проектот ќе се реализира во НУЦК „Бели мугри” во Кочани, в среда, 17.12.2025 година, со почеток од 12:00 часот.
v 12:00 – Oфицијално отворање на настанот – говор, презентација на проектот и активностите
v 12:15 – Официјален старт на работилницата и проектните активности
v 15:30 – Завршна фаза на работилницата и проектните активности

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
40 годишник од Кочани физички нападнал малолетни роднини во нивниот дом
GTA на винички начин: 65 годишник од Виница правел лом во сообраќајот
46 годишен жител на Пробиштип под дејство на алкохол физички го нападнал својот 43 годишен брат кој бил со нарешено телесно здравје