БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Прес конференција на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Делчево

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Почитувани сограѓани, браќа и сестри

Ви се обраќам пред се да Ви се заблагодарам за топлото и искрено добредојде кое ни го пруживте на нас и на нашата ВМРО ДПМНЕ во изминатите денови, како и за јасната и недвосмислена поддршка во сите наши активности во минатиот период со единствена цел-

ОДБРАНА НА МАКЕДОНШТИНАТА ОД ДУШМАНИТЕ КОИ БЕС ТРОШКА СРАМ И СОВЕСТ ПОСЕГНАА ПОНАШАТА СВЕТА ТАТКОВИНА.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Чувствувам потреба да искажам неизмерна благодарност до сите Вас кои во масовен број ни дадовте ветер во грб, сила и подршка на митингот кога повеке 1200 сограѓани јасно кажавте НЕ на оваа марионетска власт.

Се заблагодарувам и  на сите кои не потклекнаа на притисоците и уцените на ХУНТАТА и не подржуваат секојдневно во  нашите активности со единствена цел- одбрана од наметнатата власт.

Исто така ги охрабрувам сите кои се уценети, кои се под најразлична закана, притиснати на начин кој само хунтата може да го измисли да издржат.

Доаѓа 21 април ден кога можеме и мораме да ставиме крај на оваа погубна политика. Обединети сме, сплотени, здружени и силни, нашето оружје е правдата и правдината, непокорот, македонскиот код, македонското ткиво, заветот, тврдокорноста.

Нашата причина се црнилата.

Нашиот мотив е слободата, македонштината.

 Нашата сила е народот.

Нашиот завет се гемиџиите, илинденците, децата-бегалци, славното минато.

Нашата обврска се нашите деца, нашето огниште, нашата иднина.

Ајде сите заедно на 21 април и 5 мај да излеземе масовно, гордо и достоинствено, со крената глава, со чист разум да го дадеме својот глас со заокружување на бројот 2, кандидатот Гордана Силјановска Давкова да ја избереме за претседател и да ги отвориме вратите кон нови парламентарни избори.

Да живее ВМРО ДПМНЕ

Да живее Репиблика Македонија. Да сте ми здрави и живи.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace