БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Филип Мајсторски до градоначалникот Бочварски: Очигледно е! Се погриживте кучињата да имаат кучешки живот!

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска на прес конференција од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го обвинија Градоначалникот Бочварски за низок популизам во однос на отварањето на т.н стационар за бездомни кучиња.

Во продолжение интегрално ја пренесуваме прес конференцијата на Филип Мајсторски кој што е советник во Совет на Општина Штип:

Лицемерието и скандалозните проекти на градоначалникот, уште еднаш ја шокираат јавноста. Отварањето на таканаречениот стационар, е ништо друго освен низок популизам, од кој овој пат ќе страдаат животните. Реториката дека се грижи за нивна благосостојба остана во минатото, а деновиве осамна нешто во кое не заслужува да биде сместено ниту едно живо суштество.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Лимените бараки, наменети за бездомните животни се направени надвор од сите стандарди и со нив не се запазени основните препораки утврдени со Правилникот за технички услови на прифатилишта. Замислете, на температури над 40 степени целизусови, во нив ќе бидат сместувани животни после операциски зафати.

Од друга страна пак, компанијата која е одбрана на две милионскиот тендер, пред извесно време беше обвинета за нехуман и свиреп третман на немоќните животни. Дали тоа е така, ги повикуваме надлежните институции – Јавното обвинителство, Агенцијата за храна и ветеринарство и Ветеринарната комора да истражат и да утврдат дали оваа компанија располага со позитивен историјат за грижа за животните.
Но, основните прашања, кои градоначалникот треба да ги одговори на јавноста се:

Ова ли е тој Центар за згрижување на бездомни животи, ветен со програмата За живот?

Ова ли е хуман третман за животните?

Дали Агенцијата за храна и ветеринарство издаде дозвола за отварање на лимен Стационар со субстандарди услови за живот?

Дали при изградбата и за третманот на животните беше консултирана некоја организација за заштита на животните?

Почитуван градоначалник,
Очигледно е! Се погриживте кучињата да имаат кучешки живот!

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace