БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Прес конференција со Отчет за првите 100 дена од мандатот на Градоначалникот на општина Виница

Пренеси го гласот

Денеска на прес конференција Градоначалникот на општина Виница Миле Петков даде отчет за првите 100 дена од неговиот мандат откако на локалните избори минатата година ја доби довербата на граѓаните на општина Виница.

-Наследив општина со вкупен долг од 55 милиони денари- обврски за извршени услуги кои секојдневно достасуваа за наплата. Наследив и нефункционално Јавно Претпријатие со долг од 23 милиони денари. И покрај тоа успеавме да започнеме, реализираме , продолжиме и забрзаме да ги спроведеме до конечна реализација доста проекти од исклучително значење за развојот на општината и од интерес на сите граѓани на Виница, “

-истакна Петков.

Миле Петков во своето обраќање ги наброја проектите кои што ги реализирале во првите 100 дена од доаѓањето на функцијата градоначалник на општина Виница.

-Асфалтиравме улица во село Градец во дожина од 542 метри,

-Извршивме реконструкција на ул. Кирил и Методиј во Виница во должина од 320 метри,

-Извршивме реконструкција на дел од ул. Никола Карев во Виница во должина од 120 метри,

-До конечна реализација го спроведовме проектот “Дорегулација на речното корито на Градечка река” во должина од 170 метри.

-Депонијата во селото Леско која што со години го загадуваше амбиенталниот воздух во општина Виница и пошироко веќе е стабилизирана и за првпат е третирана на природен начин…

-Го продолживме проектот кој што имаше застој во изградбата “Реконструкција на дом на култура Тошо Арсов во Виница”….

-се дел од реализираните проекти кои што ги наброи денеска Градоначалникот на Виница на презентацијата на неговиот Отчет за првите 100 дена од неговиот мандат.

Целата прес конференција може да ја погледнете во видеото во продолжение:

“Почитувани сограѓани,

Ова е само почеток, ова се само 100 дена од четирите години кои ми ги доверивте да ја водам општина Виница и да ги исполнам ветувањата кои Ви ги дадов.Периодот што следи ќе работиме на урбанизацијата, на подобрување на патната инфраструктура, подобрување на условите за работа на училиштата, на енергетска ефикасност и животната средина.

Силно ќе работиме сето тоа што го ветивме во целост да ги реализираме.

Заеднички да остваруваме победи, сите заедно да создаваме нова иднина!”

-нагласи Миле Петков- Градоначалник на Виница.

Креирано од:


Пренеси го гласот