Денеска Премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски заедно со министерот за култура и туризам Зоран Љутков присуствуваа на славниот и наделеку прочуен Вевчански карневал. Помеѓу жителите на гордото Вевчани Премиерот и министерот имаа можност да бидат дел од волшебната карневалска традиција која што го карактеризира народот за време на одбележувањето на Православна Нова Година, кога и се случува шареноликото дефиле на живописни маски.
Додека во минатите години за време на Вевчанскиот карневал беа видливи кордони полиција кои што беа подготвени да се пресметаат со дел од граѓаните кои што беа прусутни во Вевчани, денешниот ден поминува во повеќе од празнична атмосфера што наликува на вистински репрезентативен настан кој што вреден да се посети може да биде дел од долгорочните стратегии на државата за развој на уникатна и спектакуларна туристичка понуда која што ја нема на ниту едно друго место.
Во текот на својата посета на Вевчани Премиерот присуствуваше и на традиционалниот Василичарски коктел во организацција на ВМРО-ДПМНЕ ОК Вевчани, каде што се обрати пред присутните.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Синдикални играрии: Митревски- Трендафилов е нелегитимен претставник на „ССМ“
Премиерот Мицкоски во посета на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини – поддршка за стабилен и одржлив енергетски сектор
Гевгелија е град на културата за 2025 година