Дежурните екипи на ЈП Македонијапат и во текот на ноќта во континуитет беа на терен и вршеа расчистување на сите државни патишта со цел да ги оддржат проодни за сообраќај, информираат од Министерството за транспорт.
Сообраќајот се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот. Службите на ЈП Македонијапат со целокупната механизација и работна сила продолжуваат со расчистување за нормално одвивање на сообраќајот на државните патишта.
Од министерството упатија и апел за почитување на законските норми за врешење на сообраќај во зимски услови согласно условите на патот.
“Апелираме до сите возачи да ги почитуваат законските одредби за одвивање на сообраќај во зимски услови и задолжително да поседуваат зимска опрема за возилата, внимателно да управуваат со возилата да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација, како и да ги почитуваат препораките од сообраќајните служби.
Според информациите од УХРМ, врнежи од снег со променлив интензитет во утринските часови се бележат низ целата држава, затоа апелираме да се следи временската состојба и граѓаните кои планираат да патуваат навреме да се информираат од сообраќајните служби за условите на државните патишта.
Исто така апелираме до професионаланите возачи на тешки товарни возила да се информираат за условите на патиштата и препораките за сообраќај.
ЈП Македонија пат во континуитет ја следи состојбата на државните патишта и соодветно реагираат со целокупната механизација на терен. “
-информираа за јавноста од Министерството за транспорт и врски.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Алиу: Реновираните операциони сали се значаен исчекор во унапредување на здравствената инфраструктура во ГОБ „8 Септември“
SPAR го отвори првиот INTERSPAR маркет во Македонија и официјално влезе на домашниот пазар
Одржан онлајн состанок со претставници на Европската комисија за Реформската агенда и Планот за раст