БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ОК Берoво, Никола Атанасов со свој повик за претстојниот протест на партијата

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Со свој повик на фејсбук излезе Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Берово.

Неговата порака ја пренесуваме во целост:

Почитувани сограѓани, во овие тешки времиња во кои се наоѓа Македонија, во овие тешки времиња во кои економијата тоне, нема нови инвестиции, нема нови работни места, нема надеж и перспектива за младите, пензионерите се заборавени, а работниците понижени. Во овие времиња во кои се урнисува државата која со векови со крв и пот е градена, Ве повикуваме сите Вас кои се чувствувате излажани, обесправени, изманипулирани и разочарани од оваа ненародна власт на СДСМ, без разлика на Вашата етничка припадност, вера и пол. Сите заедно на 2 јуни масовно да излеземе и гласно да се спротивставиме на штетните политики на оваа антимакедонска Влада. Сите заедно да порачаме дека МАКЕДОНИЈА ЌЕ ПОБЕДИ! Заедно да порачаме дека Македонија сака унапредување, а не уназадување, Македонија сака стабилност, а не нови поделби. Сите заедно да порачаме дека Македонија е се што имаме! Преку нашата масовност да го означиме падот на оваа Влада која претставува отпадок од болното транзициско минато.
За сите присутни на овој антивладин протест е обезбеден бесплатен превоз од Берово до Скопје. Поаѓање во 15 часот пред штабот на ОК ВМРО- ДПМНЕ Берово.
Да живее Република Македонија!

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace