Министерката за образование и наука денеска во рамки на определбите на Министерството и Владата за темелни и суштински реформи во образованието во директна соработа со сите релевантни фактори кои што можат да дадат придонес во процесот, разговараше со професори од Филозовскиот Факултет во Скопје, која што е најстарата високообразовна инстутуција во државата.
Во рамки на работниот состанок биле споделени ставови и идеи од двете страни а во интерес на што реформски поквалитетен процес и решенија од истиот.
“
На Меѓународниот ден на образованието, продолжуваме со креирање промени за квалитетно образование. Разговарав со професорите на најстарата високообразовна институција во државата – Филозофскиот факултет Скопје, за нацрт Концепцијата за гимназиско образование.
Споделивме размислувања. Ги слушнав нивните сугестии и забелешки. Правиме суштински реформи со широки консултации, вклучување на граѓаните и на нашите партнери. Разгледуваме различни опции и ќе ги одбереме оние кои најдобро одговараат на нашите потреби и за кои има најширок консензус.
Наша цел е гимназиското образование да биде цврста подготовка за високото образование, иновативно и во чекор со времето. Такви гимназии заслужуваат нашите средношколци.”
-информираше Министерката Јаневска која интензивно и посветено работи на толку многу очекуваните и посакуваните реформи во образованието во МАкедонија.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Делегација на МВР учествуваше на 15. конференција на ИНТЕРПА во Доха, Катар
Министерот Клековски ги прими новоименуваните директори на три универзитетски клиники
По измените во проектната документација – продолжуваат градежните активности на Домот за стари лица во Кочани