БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Ете сега “беља работа”: Само мрчатори ќе кажат дека требало од прв ден да се помилуваат луѓето, во стилот на Трамп

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска Претседателот на Македонската Влада во одговор на новинарско прашање го изнесе својот кристално јасен став во однос на случувањата поврзани околу уставобранителите кои што со конструирани обвиненија, лежат огромни казни затвор за дело што всушност не постои.

Факт е дека ако нема организатори, не може да има терористи. Никој не вели дека тие луѓе не згрешиле, никој не вели дека тие луѓе не направиле престап, но тие луѓе за тој престап доволно време поминале таму и треба тие што водеа политички монтиран процес да си стават прст на чело и да размислат што прават и што направиле, изјави премиерот Христијан Мицкоски, прашан како ја оценува вчерашната одлука за амнестија на обвинетите за случајот организатори за 27 април.

Прашан дали можеби смета дека имало притисок врз судијата, Мицкоски рече дека тој ниту го познава, ниту пак некогаш се видел физички со судијата, така што не би сакал да коментира во тој дел.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

– Можеби за тоа треба да дадат одговор сите оние кои што вршеа притисок да преку еден политички монтиран процес луѓе денеска лежат во затвор седум-осум години поради тероризам. Никој од нив не вели дека не направил грешка, направил, но никако не се терористи. Сега кога веќе е јасно дека нема организатори, не знам како може да има терористи, изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по увид на градежни активности на патот Катланово-Градманци.

Веројатно на ваквата изјава на Премиерот Мицкоски ќе се накалемат сите медиумски предатори кои што во минатото се имаат позиционирано во десничарска провиниенција на вршење на пропаганда, а во ниту еден случај не се залагаат за десничарски вредности. Имено во последните неколку денови после инаугурацијата на Доналд Трамп, откако тој со извршна наредба ги помилува учесниците во нередите на Капитол Хил при превземањето на власта од страна на Џо Бајден во 2020 година, многумина од ваквите мегафони во Македонија се на став дека и Македонските власти требало истото да го направат со случајот на уставобранителите, без притоа ни најмалку да се обрати внимание на дијаметрално спротивната вистина која е надвисната над овој случај во Македонски рамки на судско-обвинителски односи.

Македонскиот случај за 27 април поврзан со уставобранителите е класифициран најдрско, брутално и крајно противправно како терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и за истиот повеќемина уставобранители лежат веќе повеќе оф 7 години во затвор.

Помилувањето од страна на државата или било каква амнестија ќе значи запирање на сите процесни дествија вклучително и повторно судење преку кое на единствен начин може да се докаже ништожноста на постојното правно дело.

Се друго е мачкање очи и било каква амнестија или милост од државата кон овие луѓе ќе ги вреже уставобранителите во македонската историја како виновни терористи што е и цел на сите непријатели на Македонското национално постоење и идентитет кои беа предмет на одбрана од страна на овие луѓе кои лежат неправедно во затвор, осудени од политички инструирани сидски органи во државата.

Слободата за уставобранителите е важна и тоа како, затоа што овие луѓе животот го втемелија во вечната борба за одбрана и афирмација на Македонскиот национален идентитет. Но уште поважно е да победи вистината а таа во овој случај е дека овие луѓе не се терористи, туку МАКЕДОНСКИ ПАТРИОТИ кои од дното на својата душа си ја сакаат Македонија.

Креирано од:


Пренеси го гласот