“Ова убаво, мало лонче припаѓа на мојот сопруг. Го наследи од својата баба, која и не се сеќава точно кога и од каде го купила. Воглавно, кажува: “Ма тоа лонче има 100 години”, онака во жаргон. Знаеме дека нема 100, но е многу старо. Од ова лонче мојот сакан учеше да пие млеко. И не само што учеше, туку тоа лонче стана негово омилено лонче. Порасна, се одсели, а баба лончето сеуште го чуваше.
Времето и годините го нагризаа, како и годините на употреба, но лончето не се дава. Во некој момент остана и без дршка, но баба сакаше да го зачува, па направи импровизирана од жица. А зошто и да не, Од омилениот внук, омилено лонче, па мали спомени ли се тоа? Години наназад тоа лонче “седи” на стариот селски бунар. И служи на баба да пие од него, кога ќе извади кофа ладна вода. И да се сеќава. Без оглед на наеговата состојба, ова лонче е прекрасно, зошто има душа и приказна. Оваа година нашето девојче прв пат сама пиеше вода баш од тоа лонче. Исто како и нејзиниот татко пред многу години. ”
Dragana Joksić
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Постои град во Турција кој се вика “Бетмен”
Карл Јунг – патот преку поучни приказни, како дел од неговата книга „Сеќавања, соништа, рефлексии“
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината