На 28.04.2025 во 14.20 часот полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го привеле С.А.(44) од Скопје, кој претходно се обидел илегално да ја премине државната граница од Република Северна Македонија во Р.Грција. При извршена проверка констатирано било дека за него била распишана потерница за издржување на затворска казна во траење од четири години и 10 месеци. С.А. бил спроведен во Казнено- поправната установа Затвор Штип.
Приведен криминалец баран со потерница за затворска казна од четири години и 10 месеци, се обидел илегално да ја премине границата


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ВМРО-ДПМНЕ со честитка по повод денешниот празник
Честитка од Социјалистичката партија на Македонија по повод 24 Мај Денот на Св. Кирил и Методиј
Министерството за здравство ја започна постапката за донесување на нова Стратегија за сексуално и репродуктивно здравје 2026–2030