БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Тошковски: Секое прашање заслужува сериозен одговор заснован на факти а не на политички конструкции

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на денешната седница во Македонскиот парламент каде што беше на дневен ред точката за негова интерпелација поднесена од страна на пратениците на опозициската Левица најпрво ги изнесе своето жалење за огромната трагедија која се случи во Кочани на 16 март.

Во своето обраќање пред целокупната Македонска јавност и пред членовите на Македонскиот парламент Министерот Тошковски зборуваше точка по точка за сите наведени основи во поднесената интерпелација со свои силни аргументи зборувајки низ призма на вистината и фактите.

Министерот Тошковски за зборуваше за секоја од наведените точки во интерпелацијата и со конкретни аргументи ги разобличи лажните наводи на секоја од предложените точки од страна на пратениците на Левица.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Целото обраќање пред парламентот на Министерот Тошковски може да го проследите во продолжение:

По своето обраќање Министерот Тошковски преку социјалните мрежи упати и свое пишано соопштение во врска со неговата интерпелација:

“Почитувани граѓани, во моментите кога државата е исправена пред своите најболни прашања, не смееме да дозволиме да не води ниту гневот, ниту стравот, ниту политичкиот профит. Треба да нè води единствено обврската да ја кажеме вистината и да ја браниме правдата. Затоа јавно велам: Јас не бегам, не молчам, не се кријам. Јас останувам овде, со целата тежина на обврската што ја носам. Граѓаните имаат право да прашуваат. И имаат право да добијат одговори. Но никој нема право да ја злоупотребува болката за ситни политички поени.

Интерпелацијата која денес ја разгледуваме, без основа, без аргументи, е чин на очај, а не чин на одговорност. Оние кои ја поднесоа, и оние кои ја поддржуваат, сакаат да не вратат назад, во времињата на молк, на недопирливост и на заштита на привилегирани. Тоа нема да го дозволам. Ниту заради себе, ниту заради народот кој заслужува држава што се менува на подобро.

Почитувани семејства на настраданите, ви должиме повеќе од сочувство. Ви должиме систем што учи од трагедијата, а не ја заборава. Секој ден во оваа институција ќе биде заложба за тоа вашата болка да не остане нем сведок на заборавот. Ќе направиме сè што е во наша моќ за да изградиме држава што штити, држава што реагира навреме, држава што го става животот на граѓанинот пред сè.

Сакам да се обратам и на младите луѓе, вие сте најгласниот коректор на ова општество. Вашиот глас е нашиот будилник. Не молчете кога ќе видите неправда. Вие не се плашите да прашате, да објавите, да снимите. Нема да дозволам никој да ви го одземе правото на праведна, безбедна и фер држава.

До сите припадници на полицијата: постојат два вида службеници – оние што со чест ја носат униформата и оние што ја валкаат. На чесните им порачувам – вашата пожртвуваност ќе биде наградена. Вашата чесност ќе биде столб на новото МВР. А на оние кои ја злоупотребиле функцијата – повеќе нема заштита, нема молк, нема политички чадори. Ќе има одговорност – без оглед на функцијата, врските или историјата.

На крај, една порака за сите што ја користат трагедијата за да напаѓаат без основа: вие нема да ја скршите оваа волја за промена. Вашата политика на лаги и конструкции ќе биде победена од нашата политика на промени.

Ние нема да застанеме. Ќе работиме посветено за оние што ги загубивме, за иднината што ја должиме на генерациите кои доаѓаат, за честа на Македонија.

Промените се тука, одговорноста веќе се чувствува, правдата е реалност. И ќе се засилува со секој нов ден. Не затоа што е ветено, туку затоа што е неопходно ако сакаме да имаме нормална држава!”

-стои во соопштението на Панче Тошковски упатено преку социјалните мрежи до Македонската јавност.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace