..”Тоа се стари снимки и веќе не се актуелни,а институциите имаат отворено истрага за случајот”…
Ова е вчерашната изјава на Градоначалникот на Општина Пехчево дадена за медиумите по однос на објавите на Здруженијата за заштита на животните за труењето кое континуирано се случува во Општината.
По однос на истата сакаме да укажеме дека:
Во Општина Пехчево евидентирани се случаеви на труење кои траат скоро една година.
Првиот за кое известува ПРО АНИМА е од 18.08.2018 година.Во тој период известуваме за масовно труење кое трае до 05.09.2018 година.
Ваквите противправни дејствија продолжуваат и на:
12.02.2019
20.02.2019
03.03.2019
23.03.2019
01.04.2019
Се до последното евидентирано на 24.06.2019 година.
Сликите во прилог на објавата се од сите жртви на отровот за сето ова време.
Да Градоначалниче,некои од сликите се стари,како што и изјавивте,а некој од пред 2 дена.
Ама вистината е таа – во Вашата Општина има труење целиот овој период.
Вие за целото време изјавувате дека има истрага, меѓутоа резултат од истата нема. Нити сторителот е пронајден, нити престана труењето.
Во тоа беше и поентата на нашата објава, за да укажеме баш на тоа, НА КОНТИНУИРАНИ ПРОТИВПРАВНИ ДЕЈСТВИЈА КОИ ДО ДЕН ДЕНЕС НЕ СЕ САНКЦИОНИРАНИ!
Сликите не се актуелни?
Апсолутно неточно!
Сликите се актуелни и ќе бидат актуелни се додека не се стави крај на ова!
Во Вашата Општина живи кучиња беа закопувани со багери.
Зарем мислевте секое чудо за три дена?Ќе заборавиме?Ќе пројде?
Никако!
Сите видеа и слики се пратени до ПРО АНИМА од Вашите граѓани,од жителите на Пехчево!На нив првенствено им пречи тоа што се случува.Нив мора да ги заштитите!
А кога нешто вакво ќе стигне до нас,ние мораме да реагираме!Ние сме Здружение за заштита на животните!
И на ваквите појави ќе се спротивставуваме додека ги има!Додека не се најде сторителот!Додека ова лудило не престане!И се дотогаш сето ОВА Е И ЌЕ БИДЕ АКТУЕЛНО!
Ние и Вашите граѓани не сакаме ова да биде сликата за градот!Не барајте непријатели таму каде што ги нема!Ние не сме тоа!Ама живот е живот!И има закони во оваа држава!Прифатете ја реалноста дека имаме проблем!И работете на тоа!
Дајте со здружени сили да го спречиме сево ова!
-Соопштение за јавност на граѓанската организација за заштита на животните ПРО АНИМА Берово