Прекинете со купување време! Прекинете со игнорирање на гласот на народот !
Денешната одлука на Владата гласи:
” министерството за економија да ја испита правната исполнетост на барањето за добивање на дозвола за експлоатација….. “
👎Оваа одлука ја слушнавме и во јануари и лани – истата е и не ветува ништо!!!
Условите ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ДОЗВОЛА – НЕ СЕ ИСПОЛНЕТИ! Министерот за економија требаше оддамна да го одбие барањето за дозвола!
Вакво игнорирање, играње стратешки игри и игри на издржливост со јасниот граѓански отпор е НЕДОЗВОЛИВО ВО ВЕТЕНОТО ГРАЃАНСКО ОПШТЕСТВО НА КОЕ СИТЕ ЌЕ СЕ ГОРДЕЕМЕ!!
!!!! ОВА Е НАШЕТО БАРАЊЕ : СТОП ЗА РУДНИК ВО ИЛОВИЦА. ВО НАРЕДНИТЕ 24Ч ДОНЕСЕТЕ РЕШЕНИЕ СО КОЕ ЌЕ СЕ ОДБИЕ БАРАЊЕТО ЗА ДОЗВОЛА и РАСКИНЕТЕ ЈА КОНЦЕСИЈАТА ЕДНОСТРАНО.!!!!
И не го гледајте ова само како солидарност кон жителите на Иловица! Ова е барање на искрени активисти од Скопје, кои се борат за правото на здрава животна средина.
А не’ има многу…
-Соопштение на граѓанската иницијатива “Го сакам Водно” во врска со состојбата околу ранотата на рудникот во Иловица.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Николоски: Македонија и Хрватска влегуваат во нова фаза на соработка на економско, транспортно и инфраструктурно поврзување
Во моментите на најдлабока тага – едно семејство подари надеж
Кривична пријавa против поранешен градоначалник на Свети Николе за „злоупотреба на службената положба и овластување“