БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Промоција на делото “Море од скршени срца” на младиот Филип Стоименовски во КИЦ “Романса” во Македонска Каменица

Пренеси го гласот

Денеска во просториите на КИЦ “Романса” во Македонска Каменица се реализираше промоција на делото “Море од скршени срца” на роднокрајниот млд автор Филип Стоименовски.

Ова е прво дело на младиот автор за кое читателската јавност во Македонска Каменица посакува да не биде и последно.

На промоцијата присуствуваше и градоначалникот на Македонска Каменица Димче Атанасовски кој што искажа пофални зборови за делото на младиот Филип при што ја повтори својата определба како градоначалник за континуирана поддршка на творештвото на граѓаните на Македонска Каменица.

“Денеска присуствував на промоцијата на книгата “Море од скршени срца” од младиот роднокраен автор Филип Стоименовски.

Емоции, многу импресии, позитивна енергија и редица аплаузи од присутните. Своето прво дело, Филип им го посветува на родителите и малата сестричка Софија. Тие, како што вели, остануваат неговата најголема и најистрајна поддршка.

Денешниот настан, за Филип е мотив повеќе да продолжи со творењето. Пред присутните врсници, роднини, пријатели и љубители на литературата од Македонска Каменица и Виница, успеа во најдобро светло да го претстави својот труд.

Продолжуваме со силна поддршка и промоција на младите и нивното творештво во областа од образованието, литературата, спортот, како и нивните успеси во музичката, ликовната и драмската уметност.”

-соопшти по повод денешниот настан градоначалникот Атанасовски.

Креирано од:


Пренеси го гласот