Брегалнички Портал

Вести од Брегалничкиот регион.

Constantine II продолжува со реализација како дел од 10 годишниот план на DC

Пренеси го гласот

филмот Constantine 2 официјално е во претпродукција за снимање а Киану Ривс повторно ќе ја глуми насловната улога во филмската екранизација на DC стрипот за најпознатиот борец со натприродните сили во светот.

Кон крајот на минатата година од Wаrner Bros студиото најавија дека работат на развивање н продолжение на филмот за Џон Констатин од 2005 година со Киану Ривс во насловната улога.

Со превземањето на менаџментот со сите DC ликови од страна на Џејмс Ган и Питер Сафреин, беше ставено под знак прашање снимањето на овој филм и на кој начин истиот би се вклопил во развојниот план на ова филмско дуо во наредниот 10 годишен план што претходно беше најавен од Џејмс Ган.

Се уште не е јасно дали Constantine II ќе биде дел о официјалниот пакет на филмови и серии на DC или ќе биде дел од т.н. Elseworlds план на поединечни DC проекти што би се случувале неповрзано со главниот DC континуитет.

Не е чудо што продуцентите на овој најавен филм сакаат истиот да биде снимен како резултат на долгогодишната база на фаови кои што го бараат овој филм да се случи, но и поради глобалниот успех кој што го доживува Кијану Ривс со неговата John Wick франшиза.

Во 2005 година Constantine заработи над 230 милиони долари наспроти 100 милиони долари кои беа инвестирани во негово создавање, така што Constantine 2 се очекува да го надмине финансискиот успех на својот претходник.

Креирано од:


Пренеси го гласот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com