БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Протестен собир за одбележување на годишнината од противзаконската промена на Уставот на Република Македонија

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Една година по промената на уставот на Република Македонија пред Македонскиот парламент ќе се одржи народен протестен собир за одбележување на овој срамен чин со кој на противзаконски и неуставен начин се промени името на државата.

Во сабота на 11.01.2020 година со почеток во 15.30 часот пред Парламентот во организација на повеќе групи на граѓани и неформални и формални организации ќе се одржи народен собир на кој што според најавата присутните ќе потсетат кој и кога го промени Уставот на Република Македонија.

Во продолжение го пренесуваме прогласот на Координативното тело на Македонците во Европа во врска со најавата на овој настан:

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

” Со протест во одбележувањето на годишнината од нелегалната промена на уставот и креирањето на вештачката творба северна.

Повеќето македонски организации и сили се здружуваат во реализацијата на главната цел на освестениот Македонец, возвраќање на Република Македонија преку непризнавање на новокомпонираната, наметната и нелегална северна креација.

Патот и водилка на возвишеноста и националната определбата е заснован на волјата на народот , искажан на минатогодишниот референдум.

Да бидеме горди и непокорни во реализацијата на гласот на народот.

Координативното тело на Македонците од Европа и светот, Ве повикуваат да бидеме што помасовни на закажаниот протест во сабота , 11 јануари , од 15ч30 пред собранието на Република Македонија .

Никогаш с…., секогаш Македонија!

Женева, Виена, Торонто, Сиднеј, Њујорк, 8 ми јануари 2020 “

-стои во соопштението на Координативното тело на Македонците во Европа.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace