Утринава до вработените во Министерството за финансии од страна на подредените лица на Министерката за финансии Нина Ангеловска (позната во јавноста под терминот “Групер”) стигнал допис во кој што се врши обид за цензура на комуникацијата на самите вработени во Министерството.
Во дописот стои:
Секоја комуникација и барања упатени од дополнителниот заменик-министер или член на неговиот кабинет кон поединечни вработени во одредени сектори мора прво да бидат одобрени од раководител на сектор и/или државен советник, а раководителот на секро/државниот советник треба да има претходно одобрување од кабинет на министер.


Во согласност со Законот за Владата и Пржинскиот договор, дополнителниот заменик-министер за финансии е изгласан од Собранието и тој има врзан потпис со министерот.
Индикативно е што дописот на Ангеловска доаѓа во време кога постојат сериозни сомневања за работата на Министерството за финансии, за распределба на буџетските средства за предизборни поткупи. Што и да сака да сокрие Ангеловска заобиколувајќи ја Димитриеска-Кочоска, претставува кривично дело, а нејзиниот потпис го прави ништовен, зашто од 3 јануари ниту еден документ потпишан од Ангеловска нема моќ ако го нема потписот на нејзината заменичка.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Ова се имињата на 10 најдобри матуранти од делчевската гимназија кои добиваат богат награди од општината и Градоначалникот
Манасиевски: Заев започна бришење на терминот „македонски’’, за да дојде Филипче и да го запише „северномакедонски’’, тие се горди кога не прозиваат како „северномакедонци’’
Димитријевиќ: Скандалозно е премиер да се слуша и да му сугерира на обвинителот како да постапува