Во просториите на Министерството за европски прашања, Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, оствари средба со амбасадорот на Република Кипар, Андреас Фотиу.
Во фокусот на разговорите беше процесот на евроинтеграциите, дипломатските односи меѓу двете држави, како и реформската агенда која се реализира со предвидената динамика.
Министерот Сали лично му упати честитки на амбасадорот Фотиу за претседавањето со Европската унија од страна на Република Кипар, нагласувајќи ја важноста на оваа улога за унапредување на европските политики и зајакнување на регионалната соработка. Тој изрази благодарност за континуираната поддршка од страна на Кипар во процесот на европска интеграција на земјата.
Од своја страна, амбасадорот Фотиу го оцени институционалниот ангажман во спроведувањето на реформите и ја потврди подготвеноста на Република Кипар да продолжи со поддршката на патот кон Европската унија


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Божиновска со низа билатерални средби и пораки за забрзана транзиција на UNECE Resource Management Week
Шеикот Венко од Емиратите: Сепак претседателот на СДСМ има златна виза како менаџер и инвеститор во Обединетите Арапски Емирати
Божиновска од UNECE Resource Management Week 2026: Одлучни политики, силни инвестиции и меѓународна соработка за одржлива енергетска иднина