Оваа фотографија како илустрација на оваа статија е снимена од страна на работничка која попладнево се враќаше од работа. Истоштена од својот работен ден преку прозорецот на службеното комби имаше можност да ја сними оваа фотографија на која се гледа чадот кој го прекрива нејзиниот дом во Кочани.
Револтирана од ваквата сцена решила оваа морбидна фотографија да ја сподели со Ана Симонова- една од активистите на локалното еколошко друштво ГРИН.ОРГ која на социјалните мрежи објави сурови бројки кои укажуваат на големата бројка на новозаболени пациенти од рак кои гравитираат низ кочанската болница.
“Ова е Кочани под превезот на смртта . Под канцерогениот воздух од дивата депонија.
#заградикиткирозови 328 новозаболени од канцер поминале во Кочанската болница за месец Април и Мај!
Ова го дишат нашите деца поради неодговорните институции!!!
Се прашувам дали моето, дали нечие друго дете, дали јас ќе бидам следниот пациент на Онкологија?!
За нив е само бројка 328…за некого е внуче, дете, татко, мајка …”
-напиша Ана Симонова на фејсбук.
Претседателката на здружението Ана Симонова информира дека од страна на здружението е упатена претставка до надлежните органи како и писмена реакција за ваквата лоша состојба.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
КЈП „Водовод“ – Кочани: Известување за состојбата на Градската депонија и преземени работни активности
Две населби во Делчево деновиве добија нови асфалтирани улици
Започна асфалтирањето на улицата „Гоце Делчев“ во Кочани