БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Раководители во подрачните единици на МЗШВ доделувале државно земјиште на луѓе блиски до власта

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Злоупотребите од страна на раководните структури на СДСМ поставени во институциите ширум државата пополека почнуваат да излегуваат на површина секој ден.

Ангажманот на Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ во министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство секојдневно разоткрива проблематични состојби наметнати од раководните лица на СДСМ, во ова министерство, кои во никој случај не се во интерес на вистинските земјоделци.

Во продолжение во целост проследете ја прес конференцијата на дополнителниот заменик Министер за земјоделие, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски во која тој обелоденува само два случаи од оваа пракса на власта на Зоран Заев и СДСМ во државата:

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“На денешнава прес-конференција сакам да обелоденам како функционираат кадрите на СДСМ со земјоделското земјиште и како го узурпираат и го делат до луѓе блиски до власта.

Денеска како пример ќе го наведам раководителот на подрачната единица во Свети Николе и Дејан Гичев. Тој во документацијата до која што дојдов јас видов дека на име на својата сопруга си има доделено земјоделско земјиште во атарот на Свети Николе исто така и на сопругата на градоначалникот на општина Лозово има доделено земјоделско земјиште во атарот на Свети Николе.

Она што е симптоматично во овие два договори е дека и по двете укажувања до министерството за неплатена закупнина на истите им е дадена само фактура за да платат камата по основ на неплатена закупнина додека на сите останати земјоделци во Македонија кои што имаа еден ден задоцнување министерот Трајан Димковски се фалеше по медиумите дека на истите земјоделци им го има раскинато договорот.

Ова е еден адекватен пример дека кадрите на СДСМ се привилегирани во делот на законите кој што треба да бидат важечки за сите.”

Креирано од:


Пренеси го гласот