БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Расте енергијата на ФК Вардар. Во пресрет на неделниот натпревар во Струмица ќе се монтира дополнителна трибина за Комитите

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Од управата на ФК Вардар ја информираат јавноста дека по разговори со управата на ФК Брера од Струмица каде во недала ќе се игра натпреварот меѓу овие две екипи е одлучено да се обезбеди нова монтажна трибина за навивачите на ФК Вардар- верните Комити кои што ќе сакаат да присуствуваат на овој натпревар.

“Го известуваме членството дека управата на ФК Брера во консултација со нашата управа, а поради малиот капацитет на спортскиот комплекс “Горан Пандев”, одлучи пред натпреварот во недела, да биде монтирана посебна трибина наменета за Вардаровите навивачи.

Трибината е наменета за бројка од 100 луѓе, но покрај самата трибина ќе биде обезбеден и дополнителен простор за групата и за симпатизерите на клубот.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Долго го чекавме овој момент, затоа и покрај околностите – СИТЕ ВО СТРУМИЦА!

Важна напомена: Поради околностите, за ова гостување нема да има организиран превоз.

Не е важно со што ќе дојдеш, туку зошто!
СЕКОГАШ И СЕКАДЕ БЕЗ РАЗЛИКА НА СЕ!

ФК Брера – ФК Вардар (06.08.2023)
Стадион: Спортски комплекс “Горан Пандев” – Струмица
Почеток: 17:00ч

Од сите страни на стадионот, нека грми песната комитска!”

-информираат од управата на ФК Вардар

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace