БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Разловчанка Македонска: Дали сме достојни за нашето минато?

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Пред неколку дена, на деветнаесетти мај, во селото Разловци се одбележаа 143 години од почетокот на Разловечкото востание.

Во дворот на црквата “Св. Цар Константин и царица Елена” во селото Разловци, грст луѓе, многу помалку од претходните години се собраа за да им оддадат почит на загинатите херои.

“Отселени се луѓето, само пред две недели неколку автобуси отидоа на сезонска работа во Италија” вели еден деведесетгодишен дедо.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

А црквата?

Таа на нејзините ѕидови чува непроценливо богатство. Едни од најстарите фрески во околината ги нагризува забот на времето. Така одронети си чекаат некој да се сети на нив и да ги реставрира.

Во Спомен домот на Разловечкото востание има прекрасна библиотека и кога посетител влезе во неа едноставно може да заборави на времето. На книгите има прашина и понекогаш малку мувла поради крвот што протекува и од послаби дождови.

Ехх Разловци…

Пред 143 години Поп Стојан го продаде својот имот за да ја ослободи татковината, денес некои ја продадоа татковината за да ги спасат своите имоти…

Може би требало да се запрашаме дали сме достојни за нашето минато?

Дали направивме доволно за да го зачуваме и пренесеме на следните генерации?

Дали во иднина ќе имаме можност да ја изградиме нашата Македонија од рушевините што ги направи оваа власт?

Пишува: Разловчанка Македонска

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace