БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Разловчанка Македонска: Се плашите или не сте заинтересирани?

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Пред неколку дена, благодарение на ракометарите на Вардар, доживеавме нешто што тешко се опишува со зборови, а се памети цел живот.

Народот и навивачите, кои беа во можност, ја споделија нивната среќа заедно со ракометарите на плоштадот “Македонија”.

Илјдници грла скандираа ” Никогаш северна, само Македонија”.
Но и овојпат се прашувам кои луѓе отидоа на плоштадот?

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Истите што имаа храброст да одат на протестите против промена на името, истите што и тогаш и сега не се плашеа јасно да покажат дека се горди Македонци.

За жал има и добар дел што од опрвдани причини не можеле да отидат на оваа прослава или на протестите, но позагрижувачка е бројката на тие што се затвараат дома и со страв гледаат од прозорците на нивните домови…

Зошто луѓе?

Зошто се криете?

Се плашите или не сте заинтересирани да помогнете во зачувување на државата, името, јазикот, историјата, културата, традицијата…?

Не е ли ова ваша татковина исто колку што е и наша?

Не е ли оваа борба и ваша колку и наша?

Не чувствувате ли и вие гребење во срцето додека се интонира химната исто како и ние?

Зошто, мој народе, да не се исправиме и веќе еднаш да му покажеме на светот дека треба да престанат да не газат?

Зошто…

Креирано од:


Пренеси го гласот