Брегалнички Портал

Вести од Багалничкиот регион.

Референдумот е нашиот четврти Илинден, секое избирачко место е нашиот Мечкин Камен

*Народот бил уценет- не излегува на протести,

*Народот преживува егзистенцијално-нема време за политика, затоа сме ги гласале партиите,

*Народот нема време за да се бори против лошите политики на власта-има поважни работи за правење (семејство, пари, здравје)…

…. и редица други алибија (неоправдани).

Референдумот против бугаризацијата е добра можност на народот во својот комшилук на избирачките места да каже јасно и гласно пред лицето на историјата дали се спротивставува на бугаризацијата или му одговара да има бугарска историја, јазик кој потекнува од бугарскиот, Гоце Делчев дека бил бугарин….

Референдумот е нашиот четврти Илинден, секое избирачко место е нашиот Мечкин Камен, наша нова револуција во која ќе ја биеме оваа битка на нашата генерација. ДА, МОЖЕБИ КЕ ИЗГИНЕМЕ СИТЕ ДО ЕДЕН, но ќе оставиме порака за следните генерации дека НИЕ СМЕ МАКЕДОНЦИ СО МАКЕДОНСКИ КОРЕН И МАКЕДОНСКА ИДНИНА, но јас искрено верувам дека тоа нема да биде наша погибија туку стоп за бугаризмот.

Сите Македонци обединети зад својот Македонски бит и постоење, МОЖЕМЕ ДА ГО ПОБЕДИМЕ ОВА ЗЛО НА БУГАРИЗАЦИЈА КОЈА Е ВО ПОДЕМ ВО МАКЕДОНИЈА!

Можеме затоа што ова е Македонија, земја родена од мудроста, храброста, трпеливоста и пожртвуваноста против сите страни обиди за бришење на МАкедонскиот идентитет, од памтивек до ден денес.

МАкедонија ВЕЧНА!

Пишува: Кирчо Анастасов

Креирано од: