БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Родина-Македонија предлага право на избор при секоја медицинска интервенција за секој граѓанин

Пренеси го гласот

Политичката понуда под плуралистичкото небо на партиски диверзитет во Македонија пополека добива нови импулси на енергија и нова понуда.

Родина- Македонија која што е најмлада политичка партија во Македонија е очигледен пример и предводник на таа нова енергија која што излегува од рамките на досегашниот бипартизам во државата. Можеби ваквиот впечаток се должи на нивните драстично различни ставови по однос на стратешките определби на Република Македонија и наместо слепото следење на евро-атланската иднина на државата, од Родина предлагаат тие да се разгледуваат во поширок геополитички контекст и во корелација на геостратешката позиција на Македонија во светот како и националните интереси на народот.

Покрај ваквите разлики во геостратешките определби на Родина- Македонија во споредба со повеќето останати политички субјекти во државата, оваа политичка партија се поинтензивно наметнува прашања од повеќе области на внатрешната политика која директно се одразува врз квалитетот на стандардот на живот на граѓаните.

Една таква тема е и здравството кое што аналогно на актуелните огромни проблеми во државата како на здравствен така и на економски план се покажа како рак рана на Македонското општество кое што мора во најкус можен рок да се реструктуира и редефинира.

Токму на оваа тема е и последната реакција на Родина-Македонија која што ја пренесуваме во продолжение:

“Алчните корпорации и нивните темни елити сѐ повеќе ги напаѓаат
основните, природни, човечки, традиционални вредности инсталирајќи ја отпадната сексистичка ЛГБТ и педофилска  идеологија кај нашите деца. Се создаде образование кое продуцира ропски менталитет, со нездрава храна и социјални инжинеринзи кои го загрозуваат здравото живеење на едно општество.

На удар е и здравјето на граѓаните со проектирани вируси, креирани
пандемии кои треба да резултираат со масовна задолжителна вакцинација, при тоа не грижејќи се за грубото кршење на основните човекови права и слободи. Фарма корпорациите имаат една единствена цел: да создадат вечни пациенти, а не да ги излечат заболените. Медицината е заробена од фармацијата.

Родина Македонија смета дека здравјето доаѓа заедно со слободата на
човекот. Традиционалната, природна медицина треба да биде основа за грижата на здравјето на нашиот народ. При тоа, секој човек има право да одбере дали и како ќе биде лекуван, особено го има правото на информирана согласност и право на избор при секоја медицинска
интервенција.

Родина Македонија донесе одлука да ја надополни точка 23 од своите
програмски цели,

23.Универзален пристап до квалитетна здравствена заштита за секого и право на избор при секоја медицинска интервенција.”

Креирано од:


Пренеси го гласот