Претседавници на општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ од Делчево, Берово и Пехчево заедно со кандидатите за пратеници кои што се наоѓаат на листите на Коалицијата за Обнова на Македонија за претстојните парламентарни избори во текот на вчерашниот ден беа во посета на работните места на дел од луѓето кои што се наоѓаат на првата борбена линија со пандемијата со Ковит-19.
Драган Ковачки, Христина Смилевска, Цветанка Каракашовска заедно со претставници и раководството на опозициската ВМРО-ДПМНЕ од Општинскиоте комитети во Делчево, Берово и Пехчево ги посетија вработените во Полициската станица во Берово, вработените во ИМП при ЈЗУ Здравствен дом во Пехчево, припадниците на Регионалниот центар на Граничната полиција “Исток” во Делчево при што донираа сретства за дезинфекција за овие службеници кои посветено работат во заштита на граѓаните од пандемијата.