БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Руско културно уметничко друштво ги воодушеви Битолчани

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Руското КУД „Славјанка“, со свој настап се претстави на Битолското културно лето „Бит Фест“.

Пред битолската публика беа претставени руски народни и популарни песни и македонски народни песни. Во групата учествуваат жени од различна возраст, од средношколки, студентки, до пензионерки, а нивниот настап каде и да се случува, претставува еден вид мерило на успех, заедништво и почит. „Славјанка“ на своите настапи, со својата публика ја сподели љубовта кон музиката, зошто песната ги зближува луѓето, а музиката им припаѓа на сите.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

„Славјанка“ е руско културно – уметничко друштво, чии никулци се од 2000-та година, а израсна од желбата да се негува славјанската фолклорна песна.

На почетокот составена повеќе од Русинки и Украинки, денес во неа членуваат повеќе Македонски, а бројката на оние кои биле нејзини членови во овие години е околу 60 лица.

Во моментот „Славјанка“ брои 18 пејачки, со тенденција групата да го проширува својот состав.

Вкупниот репертоар на песните изнесува повеќе од 50 песни од богатата ризница на славјанските народи.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace