Кај гратчето Балатонлеле во Република Унгарија, на Музичкиот камп на езерото Балатон, учествуваа ученици и наставници од основното музичко училиште „Ристо Јуруков“ од Кочани и ученици од Музичкото училиште „Адам Јено“ од Сигенсентмиклош.
Во рамките на предвидените активности се одржувале проби, ритмички игри по нотен текст, подготовка на аранжмани и поединечни проби за две заеднички композиции, проби на соло изведувачите и на камерните состави. На крајот се реализирал заедничкиот концерт, на кој настапиле учениците со соло точки, камерна музика и двете заеднички точки, хорската „Cup song“ и оркестарската „Star wars“.

Учесниците на кампот велат дека имало незаборавна дружба и одлично музичко искуство.
Гестот на Едит Печели од Будимпешта, претставничка на марка флејти, која воодушевена од настапот на нашите ученици во Унгарија, на Музичкото училиште од Кочани му подарила две нови флејти.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Иван Гоцевски: Оттука тргнала борбата за слобода на Македонскиот народ
На највисоко локално и државно ниво ќе се одбележи 150 годишнината од Разловечкото востание во Делчево
Со лажен сертификат по Англиски јазик сакал да биде директор на основно училиште во Берово