Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен, во западните делови повремено засилен ветер од западен и југозападен правец. Утринската температура ќе се движи од нула до шест, а дневната од 15 до 24 степени. Под влијание на влажен и студен бран во понеделник во вечерните и ноќните часови ќе настапи промена на времето. Во ноќните часови, како и во вторник ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд.
На планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира нова снежна покривка. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневните температури ќе бидат во значително опаѓањее.
Од среда времето ќе биде променливо облачно со слаби локални врнежи и благ пораст на температурата.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ВО МАГИЧЕН АМБИЕНТ ВИКЕНДОВ СЕ ОДРЖА „ПОТОЧИЊА 2026“
Алиу – Кузмановска: Во најтешките мигови едно семејство донесе одлука што значи живот – спасен живот на пациент со трансплантација на црн дроб и подобрен квалитет на живот кај пациент со трансплантиран бубрег
Мицкоски изрази чудење за различниот став на Градоначалникот на Крива Паланка и неговата матична СДСМ во врска со стратешкиот проект во село Луке