БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Саниран дефект на цевководот од системот за водоснабдување во Кочани

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Жители од високата водоснабдителна зона во Кочани, неколку месеци се соочуваа со недостиг на вода.

КЈП „Водовод“ ја поправи пукнатата цевка што поврзува три бунара и ја носи водата до собирниот резервоар во Препумпната станица во Грдовци.

–  Цевката не беше во функција и од тие три бунара се црпеа само 40 литри во секунда, или вкупно од целиот систем – само 200 литри во секунда. Со отстранувањето на  дефектот, којшто е настанат во средината на јануари, ќе се дистрибуира вода со вкупен капацитет од 240 литри во секунда. Со полнењето на целиот систем со вода, ќе се пуштат и сите препумпни станици низ Кочани, со што ќе се нормализира комплетното водоснабдување во Кочани – соопшти в. д. градоначалникот на Општина Кочани Венко Крстевски.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Крстевски додава дека со вредна и посветена работа се решаваат голем дел од  наследените проблеми кои се провлекувале подолг период.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace