БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

СДСМ бара отварање на нова времена депонија за комунален смет во Кочани

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Откако 7 години додека беа на власт не го помрднаа пректот за воспоставување на регионална депонија за општините од Брегалничкиот регион сега на бранот на незадоволство на граѓаните од проблемите наталожени со години од СДСМ бараат отварање на нова времена депонија за собирањее на комунален смет од Кочани.

Ваквиот незрел предлог на раководството на СДСМ е повеќе од штетен затоа што со тоа не се решава проблемот на постојната депонија а дополнително ќе се создаде нова локација со отпад која што може да прерасне во поголемо жариште на отпад.

“Институциите под капата на ВМРО-ДПМНЕ не се искрени и ги манипулираат граѓаните кои со недели протестираат барајќи решеније за проблемот со депонијата во Кочани.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Ниту една институција нема соодветен одговор на барањето на граѓаните ниту решение. Проблемот тлее, жителите спроведуваат активна блокада поради загадувањето а решение кое е прифатливо за сите се уште нема.

Пратеничката група на СДСМ поднесе амандман во Собранието за обезбедување финансиски средства од 30 милиони денари за нова, времена депонија, со што ќе може да се затвори постојната депонија во Кочани.

Тоа е најсоодветно во овој момент затоа што се затвора постојната на барање на граѓаните а времената депонија ќе се користи краток временски период до изградба на регионалната депонија.
Очекуваме власта и мнозинството на ВМРО-ДПМНЕ да го прифати овој амандман со што ќе им се излезе во пресрет на жителите од овој крај.”

-стои во соопштението на СДСМ упатено до јавноста.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace