БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Размена на искуства и позитивни пракси од најелитните полициски сили на Унгарија за Македонската полиција

Пренеси го гласот

Во рамки на своите програмски определби за подобрување на капацитетите на Македонските полициски службеници во рамки на меѓународната соработка која што Република Македонија ја има со Унгарија, највисока делегација на МВР оствари серија на средби за споделување на пракси и позитивни примери на добри полициски практики за градење на партнерства. Министерот за Внатрешни Работи на Република Македонија Панче Тошковски беше и во посета на Центарот за борба против тероризам на Унгарија

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во рамките на посетата на Будимпешта каде предводеше делегација на МВР на 7 Министерска конференција од Будимпештанскиот процес ги посети специјализираните оддели TEK (Центар за борба против тероризмот) и Keszenleti Rendőrség (Оддел за брз одговор и специјални полициски служби) на унгарската полиција.

„Во рамките на двете посети реализирав средби со директорите на кои ми беше презентирана организациската структура и капацитетите на овие оддели, како и нивниот пристап во справување со современите безбедносни предизвици. Разговаравме за можности за соработка во делот на обуките за нашите полициски сили, со цел јакнење на капацитетите и унапредување на знаењата и вештините кои се од витално значење за справување со најразлични безбедносни ситуации. Оваа размена на искуства ме увери дека постои силна поддршка и подготвеност за заедничко делување и партнерство, кое ќе придонесе за подобра безбедност во нашиот регион. “, истакна министерот Тошковски.

Министерот Тошковски ја потенцираше уште еднаш посветеноста на градење меѓународни односи и партнерства кои ќе ја зајакнат нашата полиција и ќе обезбедат поголема безбедност за сите наши граѓани.

Креирано од:


Пренеси го гласот