Пожарите на депонијата со комунален смет во атарот на селото Лески, Општина Виница е еден долгогодишен проблем а жителите на виничко но и поширокиот регион. Ваквата немила ситуација се пресликува речиси во сите општински депонии на истокот од државата.
Како одговорна локална власт предводена од градоначалникот на општина Виница Миле Петков, надлежните служби веќе неколку месеци наназад се зафатија со микро решавање на овој проблем кој ги тишти виничани.
По неколку наврати чистење од страна на локалната самуправа и комуналните служби, денеска на депонијата е присутна активна механизација на Винербергер со која се чисти депонијата.
Од страна на градоначалникот во јавноста се најавува третирање на целата локација на депонијата со природна вегетација- алги која служи за гасење на подземни џебови со запаливи но и истовремено отровни гасови.
“Со помош на градежна механизација од Винербергер се чисти депонијата во с.Лески.
Веднаш штом ќе биде исчистена и порамнета, ќе биде третирана со природни алги за гасење на подземни гасови.”
-соопшти Миле Петков- Градоначалник на општина Виница.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Се шират лажни информации помеѓу жителите на Кочани за поголем број на починати. Дополнителна тензија никому не е од корист
Градоначалникот на Општина Кочани со препораки до КЈП „Водовод“ и до Советот на Општина Кочани
Советниците на ВМРО-ДПМНЕ во делчевскиот Совет поднесоа БАРАЊЕ за ставање во функција на регионален пат село Разловци- село Митрашинци