БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Се одвиваат работите од првата фаза за реконструкција на булеварот „Тодосија Паунов“

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во тек се градежните активности од првата фаза за реконструкција на булеварот „Тодосија Паунов“.

Стручните служби од Општина Кочани информираат дека се бетонираат стопите и се поставува арматурата за потпорните ѕидови. Избраните економски оператори  „Стентон градба“ – Битола и „Стоименов“ – Кочани работат на темелната конструкција на потпорните ѕидови, од којашто се изградени стотина метри.

Целосната реконструкција на булеварот ќе се одвива од спојот со улицата „Киро Кикенски“ до почетокот на разделното зеленило кај СОУ „Гошо Викентиев“, во должина од 1.000 метри.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Вкупната сума за реализација на договорот за реконструкција на булеварот „Тодосија Паунов“ изнесува 88.463.567 денари, средства одобрени за Општина Кочани од унгарскиот кредит Владата на РС Македонија. Во финансиската конструкција на овој проект Општина Кочани учествува со сопствени средства во износ од 3 милиони денари.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace