БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Се појави фотографија од Наумче Мојсовски како гледа во лаптоп. Всушност тоа да ти било конференција

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

На социјалните мрежи се појави фотографија од актуелниот директор на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски како седи и гледа во лаптоп компјутер.

Всушност станува збор за одржување на состанок на Управниот одбор на Канцеларијата за Регионална младинска соработка со која претседавал саниот Мојсовски.

Во продолжение интегрално ја пренесуваме објавата која што ја објавија од Агенцијата за млади и спорт во врска со оваа конференција:

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“Успешно оддржан десеттиот Управниот одбор на Канцеларијата за Регионална младинска соработка (RYCO) Директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски претседаваше со десеттиот Управниот одбор на кој истакна дека е потребен инклузивен пристап на решавањето на проблемите и предизвиците пред кои сме поставени , тимска работа и креирањето на Советот на младите при Агенцијата за млади и спорт, преку кој организациите и индивидуите кои работат на унапредувањето на младинските политики во нашата држава заедно ќе стигнат до најсоодветните решенија под мотото “од младите за младите”.

Процесот RYCO за сите нас е регионален механизам за промовирање на мобилност, разновидност, помирување, демократски вредности, учество, активно граѓанство и интеркултурно учење но и наоѓање заеднички решенија за предизвиците. Тоа е наша одговорност денес, утре и во целиот наш заеднички мандат, преку здружување на силите во мултилатерален пристап да им овозможиме на нашите општества и нашата младина да се здружат во заеднички вредности и да се движат напред.

#rycogoverningboardmeeting

https://www.facebook.com/AMSMacedonia/posts/3572434832778099

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace