БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

СЕ ЗА МАКЕДОНИЈА, ДОДЕКА НЕКОИ И ГО “ЕЕА” И УШТЕ И ГО “ЕАТ” ИМЕТО! (Експлицитен речник)

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во овие три месеци откако се дружиме преку моите обиди да пишувам колумни со кои се трудам да го привлечам вашето внимание, по втор пат сум принуден да ви се извинувам за вулгарностите во насловот, но тој е само инспириран од зборови кои ги има изговорено далеку, далеку, поважна политичка личност од мене. Користејќи ги неговите зборови, стриктно се држам до поуката со која истата таа личност при еден говор во Институтот за македонски јазик на присутните им порача да го чуваат и негуваат македонскиот јазик, како што тој го чува(л) и негува(л) и можеби и тие како него ќе станат премиери. Иако немам ни приближно такви амбиции, сепак се решив да ги следам советите од оваа личност и често да ги употребувам неговите мудри мисли со кои тој го ,,штити,, македонскиот јазик, па така и јас да го привлечам вниманието на пошироките маси со надеж дека еден ден ќе станам некој и нешто. На крајот на краиштата кога може тој како јавна личност постојано да изговара вакви ,,мудрости,, зошто пак јас како обичен граѓанин толку да се извинувам и срамам поради употребата на истите.

Шегата на страна, работиве излегуваат од контрола и состојбата околу зачувувањето на националната свест и гордост е секој ден се поалармантна. Ќе почнам од таму каде што ја завршив претходната колумна, а тоа беше искрената желба за успех на ЕП упатена кон нашите ракометари. За жал голем резултатски успех не ни се случи повторно, но и самото учество на првенството, за секој реален и секој горд Македонец, мора да претставува огромно достигнување кое ретко некој што доаѓа од мали држави како Р.Македонија е во состојба да го оствари. Но, за жал поддржувачиве на ,,ебачов,, деновиве после завршувањето на настапот, и според нив неуспехот на нашите ракометари кои во срцето настапуваа за Република Македонија, а не за нивната ,,Северна,, на секој можен начин удрија по нив со најпогрдни можни зборови со цел да ги омаловажат. Тоа е тој ментален склоп – ,,ебење,, на се живо што не мисли како нив, што им се спротиставува додека тие си ги задоволуваат ниските страсти и прави се за да се зачува од заборав вековното име Македонија. Токму тоа го правеа нашите ракометари и присутните навивачи на ова ЕП во Виена. Се заборави за миг на сите радости и сета гордост која ја имавме во изминативе десетина години благодарение на истиве овие луѓе. Заборавија северџаните и на името кое демек како ,,многу нормални,, не го даваа (Заев: Кој нормален бе ќе смени Устав за да смени име?). Се потсмеваа со најавите од ВМРО за ваквото сценарио и најавуваа дека не ни помислуваат на такво нешто кога ќе дојдат на власт, но всушност се покажа дека сето тоа било шарена лага само поради пуста власт, моќ и материјално богатство. Од денешна гледна точка можеби тоа и не било манипулирање со народот, туку таквата намера си била одсекогаш врежана во нивниот ,,сдсовски ген,, и тие секогаш така си размислувале (најновата снимка од 2014 година што ја слушнавме пред некој ден ме наведува на таква помиисла, иако во 2016 се колнеа во жицата, семката и децата)? Кој го ебе името, еба му и името! Или кој ги ,,ебе,, македонските спортисти, ,,ебати,, спортистите!

Битно вие до власт се дограбивте, а за тоа што ненадоместлива штета направивте и што го раскаравте и разболевте народот ,,ич К.. не ве боли,, нели?.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Пауза: (Морам пак до небо да ви се извинувам за вулгарностите, премногу се).

Па уште ни срам немаат и наместо да се покријат и сокријат негде, тие гордо настапуваат со тезите:

-Зошто новите министри и заменици од ВМРО се колнат на Устав на Северна?

-Зошто функционери стапуваат на функции во Северна?

-Зошто спортистите играат на натпревари за Северна?

-Зошто учествувате на настани во кои сме Северна?

Еднаш веќе пишував и за ова. За да прашате, ете затоа!!!

Вие така насила не легитимиравте пред целиот Свет, а сакате ние да бегаме и да се срамиме поради тоа. Не, секаде ќе одиме. Ќе го покриваме и шкртаме срамното име, ќе укажуваме каде можеме, ќе примаме награди и медали и при тоа кога ќе не најавуваат од Северна, ние ќе им кажеме дека тоа е насилно име кое македонскиот народ го отфрла и никогаш нема да го прифати. Така се брани и се сака Македонија. На крајот на краиштата ако треба и со црниот Ѓавол оро ќе играме само да ве тргнеме од местата што сте ги запоседнале насилно и незаслужено, затоа што претставувате поголемо зло дури и од самиот тој Ѓавол. Многу добро ви е јасно и знаете што ве чека на 12-ти Април и после тоа, па најмногу ви одговара она што некои од предавниците, сега ваши слуги и некои заведени го протажираат, а тоа е бојкот и непризнавање на се што е ,,северно,, со што ќе ви овозможат долгогодишно практикување на власта и понатамошно урнисување на она што остана од Република Македонија. Велите демек, ако не го признаваме новото име не треба нигде ни да учествуваме, никакви признанија да не се земаат, дипломи да не земаме, плати да не примаат тие што се во државната и јавна администрација. Јааа мајката!!! Многу умни бре, а да не сакате и да умреме, да не снема? Ебати животот ваков, ебати! А вие за каде се кандидиравте и на чиј устав се колневте дека нема да го менувате името откако ве избраа на функциите? За Македонија или за Северна дававте ветување? Желбата, на ваша голема жал, нема да ви се исполни. Ни дојде паметот и на нас, си ги разбравме грешките, со ваши финти ќе го јадете стапот овој пат. Народот е се посвесен дека вашето тргање од власт е единствено можно на овие избори со што ќе се отвари пат за враќање на редот и поредокот во земјата и за враќање на уставното име кое насилно и против уставно го сменивте. Тоа, по кој знае кој пат повторувам, е можно само преку влегување во институциите на системот и на никој друг начин. Тие со лажно колнење и измама пред Уставот на РМ дојдоа на власт и ние исто така со лажно колнење пред нивниот лажен Устав, на нивната РСМ, ќе се вратиме на власт за да почнеме постапка со која ќе си го вратиме насила украденото.  Насилството и повиците за слични работи од мал број на поедници можат само да донесат штета, нови политички затвореници и секако она што им е најважно на овие ,,ебачиве,, нивно долгогодишно останување на власт. Нас од ВМРО-ДПМНЕ, а и огромниот број на граѓани никој со сила неможе да не натера да го употребуваме наметнатото име и како што кажа претседателот Мицкоски по добивањето на власта ќе се преземат соодветни мерки за враќање и обнова на Република Македонија. Повторувам!!! Ова е можно само преку институционално дејствување, а ние обичните граѓани ќе си изнаоѓаме разни креативни решенија за да не го употребуваме северџанското име, како и да го алармираме и запознаеме светот за неправдата која ни е нанесена.

,,Ебачкиов,, однос кон сите работи со кои се понижува нашето национално чуство мора веднаш да престане. Мора да им се стави крај на штетните закони и договори кои беа донесени и склучени во изминативе скоро три години. Не смееме да се однесуваме толку недостоинствено кон сопствената историја, кон сопствениот јазик, идентитет, и се што некогаш ни беше свето. Незнам како се случи оваа масовна хипноза изминативе години за до толку си поплукаме на достоинството и така ноншалантно и лежерно, а се слушна пред некој ден на снимката и крајно вулгарно да се однесуваме со сите наши светости? Како стана можно, додека некој се бори за Република Македонија на меѓународен, културен или спортски план, некој овдека да ги ,,ебе,, истите само поради остварување на некакви лични амбиции? Како си дозволивме вакво зло да ни биде власт, нешто на кое многумина наши сограѓани сеуште дури и му се воодушевуваат и им претставува олицетворение за успех? Како е можно Македонци да го повторуваат зборот Северна со огромно задоволство и по илјадници пати, без ниту трошка срам и грижа на совест. Никогаш повеќе ова не смее да ни се повтори!

Деновиве откако е формирана техничката влада и ликов помалку е присутен во нашето секојдневие веќе може да се почуствува едно големо релаксирање и ослободување помеѓу граѓаните. Работењето на новите технички министри и заменици предложени од ВМРО-ДПМНЕ веќе се чуствува на теран, а граѓаните можат да ја увидат огромната разлика со СДС(СМ) и нивните функционери. За жал по сите нас, економијата на големо ни стагнира што е последица од неколкугодишната погубна политика на овој план, но сигурен сум дека после промената на власта и таа со брзи чекори ќе тргне нагоре и за кратко време ќе се опорави и обнови. На тој начин ќе се создадат предуслови за реално и вистинско зголемување на платите и пензиите, за инвестирање во нови капитални проекти, за развој на земјоделието, напредок на образовен и спортски план, а не како сега со вештачки и присилни мерки кои еве веќе носат негативни резултати и непријатности за граѓаните. Правото и правдата ќе дојдат во Република Македонија преку вистинските реформи кои планира да ги спроведе владата на ВМРО-ДПМНЕ после победата на изборите, а за што детално ќе пишувам во некоја од следните мои колумни во кои ќе се обидам да го образложам делот од програмата за Изборите 2020 на кој работеше Комисијата за правни работи, политички систем и антикорупција во која сум член.  

Само со чесен пристап кон секоја работа, со стручен и вреден кадар е можна обновата и зачувувањето на Р.Македонија, а на овие што очигледно им се ,,ебе,, (уште еднаш длабоко се извинувам) за името, народот, конечно на изборите да им се каже што мисли тој за нив. Затоа браќа и сестри, сите оние што и сакаме добро на земјава и на народот, да се обединиме и преку победата на ВМРО-ДПМНЕ најпрвин да си го вратиме изгубеното достоинство. За тоа ги имаме зборот и гаранцијата од претседателот Христијан Мицкоски. Да дадеме шанса! Јас верувам и сум сигурен дека нема да бидеме изневерени.

П.С: Ќе заборавев за малку, кога веќе се впуштив во цитирање и употреба на вакви туѓи мудрости, а кој знае дали и кога пак ќе се решам за нешто слично да напишам, барем да си се доискажам:

,,Ебави,, го автопатот од 2 км, спрема Косово кој ЌЕ почнувате да го градите, ,,ебави,,! ,,Ебаго,, законот за марихуаната кој сакате да го протнете! ,,Ебави,, го Мој ДДВ, скенираните сметки, загадениот воздух, трамвајот во Скопје! ,,Ебави,, ги добрососедските договори кои ги склучивте со уцени! Итн, итн, итн…

И онака ,,ебавте,, мајката на се!

На крајот почитувани, простете ми повторно за многу честите вулгарности во текстов, но за жал тоа е во моментов нашата реалност на која сакам да обрнам внимание и која не смее повеќе да ја има во Република Македонија.

Пишува: Кирил Ковчегарски,

Aдвокат и член во Комисијата за правни работи, политички систем и антикорупција при ВМРО-ДПМНЕ

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace