Денешните поволни временски услови надлежните во општина Виница ги искористија за асфалтирање на улицата Ангел Винички во Виница. Реконструкцијата на оваа значајна сообраќајница во Виница ќе значи подобри услови за сообраќај за граѓните кои секојдневно дообраќаат по неа. Во тек е истовремено рехабилитација на повеќе улици низ Виница по што од кабинетот на градоначалникот на општина Виница најавија дека ќе започне асфалтирање на две нови улици во селото Градец.
Градоначалникот на општина Виница Миле Петков во првата година од својот мандат посвети огромно внимание на обезбедувањето на подобри услови и безбедност во сообраќајот во општината со реализација на голем број проекти чиј што несмален интензитет продолжува на почетокот од новата година.
Од општина Виница истакнуваат дека секој еден проект кој што е потребен на граѓаните се зема во предвид при воспоставувањето на приоритетите и влегува во програма за реализација на градоначалникот во интерес на сите граѓани на општината.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Ученици од Кајсери Турција, во рамки на Еразмус + програмата во посета на Пробиштип
Во општина Кочани мора да владее законот: Пристигна оставката на директор на ООУ „Никола Карев“. Почнува постапка за избор на нов директор
Градоначалникот Владко Грозданов најави конечна одлука во врска со директорот на ОУ „Никола Карев“