Пред неколку дена кандидатот кој е независен (барем така им вели на своите членови од СДС на состаноци зад затворени врети), инаку успешен бизнисмен од Кочани деновиве преку електронска пошта упатена кон претседателот на ЛК, ги повикал на коктел во просториите на својата компанија ,,ИНТ,, лекарите од приватното здравство, како и оние од ,,Општа болница,,Иако уредно повикани како и секогаш ефтиниот популизам не успеал да ,,запали,, кај сите, така да освен три-четири лекари од Болницата кои се знае под кои параметри се таму, изостанала огромната посетеност која ја очекувал г-нот Илијев.Самата политика на додворување е дежа ву за вистинските политички упатени и не укажува на некоја посебна сериозност во намерите на кандидатот за градоначалник.
И после се, после толку изборни процеси во недостиг од сопствен кадар, како што и сам вели кандидатот СДС одлучиле да изберат човек кој ,,не е во политиката,,.
Иако за истата работа е жестоко напаган од една од страните која не успеала да има сопствен кандидат,т.е. претставник на вистинскиот СДСМ во Кочани, оние кои како старо членство, сега треба да го трчаат кругот за човек кој ,,не е од нивните редови,,.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Иван Гоцевски: Оттука тргнала борбата за слобода на Македонскиот народ
На највисоко локално и државно ниво ќе се одбележи 150 годишнината од Разловечкото востание во Делчево
Со лажен сертификат по Англиски јазик сакал да биде директор на основно училиште во Берово