БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Шарпланинците го имаат тој балкански карактер на блискост, емотивен темперамент и лојалност кон сопствениците

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Автохтоната раса на куче Шарпланинец во последно време доживува своја постепена експанзија во Македонија. Покрај нивната основна намена за чување на стадата добиток во планинските предели каде што се врши испаша на отворен терен, се повеќе семејства за себе се снабдуваат со овој вид на кучиња кои што се одликуваат со високи картактерни особини.

Уште од млад се формира изразот на лицето на сортниот шарпланинец. Со тоа тој добива #КарактерниЦрти на распознавање настрана од неговите физички белези за препознавање (боја на крзно). Препознавањето на изразот на лицето е возможно кога добро ќе го запознаете самиот #шарпланинец, неговите #навики, неговите #потреби#радости и #тага.

На тој начин човек се #поврзува со неговиот шарпланинец која врска не наликува на ниту едно друго #емотивно поврзување. Кај вистинските љубители на шарпланинецот, поврзувањето оди до тој степен што човекот ги разбира сите состојби на душата на неговиот шарпланинец и обратно, шарпланинецот ја разбира состојбата на неговиот човечки пријател.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Таа #приказна на поврзаност има #НеограниченРок на траење и огромен интензитет. Човекот може да биде напакостен од друг човек, но од неговиот шарпланинец- никогаш.Таа приказна му дава особено значење на едно вака дефинирано пријателство кое се памети вечно.#Верноста како идеал може да се учи од овие благородни животни со нивниот силно изразен интелект и емоции.

Во државата работат повеќе приватни одгледувачници на сортни шарпланинци кои што нудат шарпланинци како во Македонија така и насекаде низ регионот и светот.

Извор: аграр.мк

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace