Брегалнички Портал

Вести од Багалничкиот регион.

Што се случува со мозокот што доведува до депресија? Зошто некои луѓе никогаш не се депримирани?

Thousands of parents have lost sons and daughters across the country to an epidemic of accidental drug overdoses.

Пренеси го гласот

Најголемата психолошка врска е со хипокампусот. Овој дел на мозокот е единствениот дел кој што продолжува да расте за време на средовечната возраст на човекот и кој е одговорен за да ни помогне нам за менаџирање на емоциите.

Но неговата состојба не е пресудна за контрола на емоциите затоа што некои нивоа на стрес се едноставно преголеми за било кој од нас да се справи. Стресот предизвикува нерврогенезата да успори или дури и да застане сосема, предизвикувајки хипокампусот да се намали во обем и да ги ограничи своите способности, оттука натаму пропагирајки спирала која што на крај се претвара во депресија.

Стресот не е единственото нешто кое што е поврзано со намалувањето на хипокампусот, исто така постои врска со високите нивоа на консумирање на алкохол, шеќер и заситени масти. Исто така постојат и повеќе други врски со депресијата кои што треба и понатаму да се истражуваат.

Има и практики кои што делуваат позитивно исто така, како што е физичката активност, менталната стимулација, јадењето зрнесто овошје, боровинки, практикувајки доволно спиење, сексуална активност (умерено) и редица други. Вештачките анти-депресанти исто така ја подобруваат неурогенезата, но постојат природни анти депресанти во форми наброени погоре, без споредни несакани ефекти.

Секој со поголемо депресивно пореметување може да си помогне со комбинација на медикаменти, здрав начин на живот и менаџмент на стресот.

Здраво тело и здрав дух одат заедно, па секој со депресија е потребно да оствари добри животни навики по што може да биде сигурен дека лошите денови се зад него а добрите денови ќе бидат подобри ако се грижите за своето тело но и својот ум.

Тешко е да се мотивирате себеси да почнете да живеете поздраво и секогаш е полесно да се откажете, но ваквиот напор е дел од решението. Оние луќе кои што никогаш не изгледаат депресивно најчесто подобро се справуваат со стресот преку исполнетост на умот и активација на телото.

Креирано од:


Пренеси го гласот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com