На 3 март пред два дена од мозочна анеуризма почина холивдскиот актер Том Сизмор.
Една од првите актерски остварувања на Том Сизмор беше во филмот Роден на 4 Јули (Born on the Fourth of July) во режија на Оливер Стоун со Том Круз во главната улога и Вилијам Дефо од1989 година. Неговата фацијална експресија која отсликува радикални човечки емоции беше една од највпечатливите во филмовите каде што глумеше. 90-тите години од минатиот век беа за него особено плодни играјки споредни улоги и улоги на негатвци во голем број на светски филмски хитови: Harley Davidson and the Marlboro Man (1991), Passenger 57 (1992), True Romance (1993), Natural Born Killers (1994), Strange Days (1995), Heat (1995), Saving Private Ryan (1998), Red Planet (2000), Black Hawk Down (2001), Pearl Harbor (2001).
Спасувањето на војникот Рајан со Том Хенкс и Мет Дајмон во режија на Стивен Спилберг е неговиот финансиски најголем хит со заработка од 217 милиони долари на Бокс офисот.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сѐ е подготвено за концертниот јубилеј на ДРИМ ТИМ – 25 ГОДИНИ МУЗИКА
Сите што пропуштија да земат билет за првиот распродаден концерт на Суперхикс, еве нова можност со втор закажан концерт
Многу турбо фолкери од соседството ќе му завидат на изведбата на “Јовано, Јованке” на овој колумбиски бенд