Освен манипулативните определби “да ја вратиме Југославија” и по некој уличен штос на комуникација кој не доликува на сериозноста на времето кое го живееме, јавноста не може да слушне ништо конкретно на кој начин Левица ќе се бори да го подобри животот на граѓаните.
Наспроти логично политичко опозициско делување на борба да се сруши актуелната власт, Левица делува како синхронизиран мегафон на власта за поттикнување на нервоза, поларизација, вербален бунт и експлицитни сцени на деструктивност.
Зошто ваквиот деструктивизам оди во корист на СДСМ и ДУИ како актуелна власт постојат повеќе аргументи од кои ќе издвојам неколку?
-Ваквите вербални провокации на чувствата на осиромашениот народ од ефектите на ненародните политики на оваа власт водат кон радикализација на состојбата во државата. А во услови на радикализирана состојба најдобро профитира Оливер Спасовски, Бојан Маричиќ, Славјанка Петровска, Димитар Ковачевски од името на СДСМ и плејада нивни логистичари како и функционери и паразити од ДУИ кои живеат и профитираат од маката на чесните и достоинствени Македонци.За вакви какви примери јавноста беше сведок во минатиот период во последните неколку години додека СДСМ и ДУИ се власт. Дали се сеќавате на обидот на Таљат Џафери да влета со своето возило во толпата која протестираше пред собрание? Провокациите, хушкањето и пуштањето на народ во собрание на 27 април 2017 година? Пред тоа Шарена револуција, палење на канцеларија на Претседателот на Република МАкедонија? Хушкањето на насилство пред собрание додека во собранието се менуваше уставот/името? Како директен сведок на огромен број од овие настани на кои оние што знаат да гледаат можеа да ги забележат хушкачите и поттикнувачите на насилство, им е јасно за кого тие одработуваат.
Насилството НЕ Е НАЧИН ЗА БОРБА ПРОТИВ АКТУЕЛНАТА НЕНАРОДНА ВЛАСТ, која има за цел да ја деноминира Македонската држава, да распродаде се што е Македонско, за да на овој простор завладеат туѓи интереси наспроти постоењето на Македонскиот идентитет.
А Македонскиот идентитет подразбира благосостојба на граѓаните, подразбира право и правда, доверба во институциите, лојалност кон државата Македонија…. Со актуелната власт на СДСМ ниту има благосостојба на граѓаните, ниту има право и правда, ниту доверба на народото во институциите на државата….. НАМЕРНО затоа што тоа е цел на оваа НЕНАРОДНА власт.
Натписот на маичката на Димитар Апасиев емитуван јавно во интернет просторот “Маму ви ибам кулачку” е токму таква провокација на која треба да се залепат оние млади бунтовни генерации на Македонци кои немаат ниту потреба ниту време да бидат информирани со сите поединости на политиката и како такви да бидат ставени во купот на гласови на наредните избори кои ќе бидат против обединетиот фронт кој што претендира да ги сруши СДСМ и ДУИ од власт.
Димитар Апасиев никаде во своите јавни настапи не кажа дека претендира да биде власт после наредните избори! Зошто ако претендира за власт треба да каже со каква понуда ќе ја бара довербата на Македонските граѓани. А такво нешто да каже треба да ја критикува актуелната власт на која и останува бришан простор медиумска доминација задскриена зад “шок политика” и “шок политичари” како што е самиот Димитар Апасиев.
На секој академски граѓанин за каков се декларира самиот Апасиев може само да му се згади од ваквиот напис на маичка, од постапките на удирање со чевел по говорница и слични достигнувања на “левичарското движење” со националистичка реторика предводено од Димитар Апасиев.
Ваквите обиди за создавање на тензии кои треба да резултираат со радикализација на секој чесен и достоинствен Македонец кој со срце си ја сака државата а со тоа и ситнење на опозицискиот фронт предводен од ВМРО-ДПМНЕ, по којзнае кој пат ќе нагласам дека одат во прилог на опстојување на власта на СДСМ и ДУИ.
Дали и во колкав обем ваквите штетни популистички левичарења, десничарења и безделничарења на штета на граѓаните кои дебело плаќаат за нивната политичка артикулација во државата, ќе успеат да го иситнат опозицискиот блок останува да видиме во наредниот период до изборите, а секако и по изборите.
Јас едно знам: нМакедонскит чесен и достоинствен Македонец, знае и умее да собере сила и храброст на СООДВЕТЕН начин да се спротивстави на сите антинародни елементи во државата, порано или подоцна!
Пишува: Кирчо Анастасов
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Кому му пречи соработката меѓу демохристијански народни влади во Европа?
Продолжуваме да живееме во славно срамно сиромашно (три-С) време…
Предлог мерка за заживување на земјоделието: Државата да додели 1200 хектари на пратениците и сите субвенции за да произведат храна за народот